Upload

Log in to follow creators, like videos, and view comments.

Suggested accounts

© 2023 TikTok

marija.kochovska

marijakocovska

280Following
327Followers
3000Likes

@kocovska.marija - Instagram Рецепти, патувања, блогер Recipes, traveling

Videos

Liked

😊 Што мислиш кој е точен одговор? Си се запрашал кога е најдобро време за да го испиеш? ⏰ Наутро, напладне или навечер? ☀️😴 Дома подолго време го користиме, а пред првата употреба поразговарав со Д-р Нела Деспотовска 👩🏻‍⚕️ за совети. Нејзините препораки ќе ни користат на сите, па затоа реков да направам мини серијал со практични совети и видеа.
👍Најдобро време за да се земе витаминот Д-3 е наутро до пладне. Јас го користам NOW D-3, од кој се препорачува 1 маслена перла на ден заедно со оброк.
🧑‍⚕️ Општите дневни препораки се 600 до 800 IE, но тоа зависи од лице до лице. Кај жените со остеопороза овие дози се поголеми.
Д-р Нела ми спомна дека витаминот Д-3 се препорачува при:
● Престој во затворени простории 🏠
● Лица со потемна кожа 🧑🏽‍🦱
● Зголемена телесна тежина 👩‍🦱
● Консумирање на лекови 💊
● Повозрасни лица. 🧓🏻👴🏼
Го погледна претходното видео за тоа како треба да се зема Д-3 за да може најдобро да се искористи? Може да го најдеш на мојот профил и да прочиташ и за симптомите кои се јавуваат при недостаток.
📍Совет плус: Пред да земеш витамин Д-3 како додаток во исхраната, консулирај се со својот матичен лекар. Ако имаш прашања може да ја контактираш Д-р Нела Десптовска на телефонскиот број 02/32 46 000 или да им пишеш на Тримекс.
#витаминд #витамини #витамин #д3 #vitamind #vitamins #d3
🤔 Како е најдобро да се зема 💊 витаминот Д-3? Верувам дека многумина користите витамин Д-3, но дали правилно го земате? 😊 Преку видеово ви откривам интересни факти и совети како да се зема витаминот Д-3 за да може максимално да се искристи. 💪🏻Витаминот Д-3 е витамин растворлив во масти. Тоа значи дека најдобро се апсорбира кога се зема со храна која содржи здрави масти како 🥑 авокадо, маслиново масло, 🥚јајца, 🫘семиња, 🥜 јаткасти плодови и 🥛млечни производи.
Витаминот Д-3 е важен за метаболизмот на калциум и фосфор, ја промовира ресорпцијата на овие минерали од цревата и овозможува нивно складирање во коските. Затоа се препорачува на жените кои се под ризик за остеопороза. Потребен е за правилен раст на коските и забите, како и за мускулите и нервните ткива. Ние го користиме NOW Vitamin D-3, во маслени перли, затоа што е еден од најдобрите светски брендови за додатоци во исхраната. Го нарачувам онлајн од страницата на Тримекс, а може да се најде и во аптеките.
Ако имаш некои од симптомите:
● Хроничен замор 😴
● Болки во коските, мускулите, зглобовите 💪🏻
● Покачен крвен пристисок 🩺
● Лошо расположение и депресија 😞
● Постојана подложност на инфекции 📈
● Зголемено потење 💦
● Главоболки 🤕
Поразговарај со твојот матичен лекар 🧑‍⚕️
за недостаток на витамин Д. Недостатокот на витамин Д почесто се јавува во зима, при престој во затворени простории, кај лица со зголемена телесна тежина, како и кај лица со потемен тен.
И за крај ако ти беше корисно видеото, стави ❤️ и сподели го со пријателите на кои сметаш дека ќе им користи.
#витаминд #vitaminD #витамини #vitamins #vitamin
🐣 Подготовките за Велигден започуваат 😊 Минатите години засадував пченица како природна декорација, па време е да набавиме и да засадиме. Ја засадувам на памук и во земја, а еве ја постапката за во памук.
Потребно ви е:
пченица
памук
пластичен сад
прскалка со вода.

Инструкции за засадување:
Пченицата ставете ја во тегла или друг сад. Додајте вода и оставете ја пченицата за време од 24-48 часа.
Во плиток пластичен сад ставете го памукот. Испрскајте го со вода со помош на прскалката. Врз памукот ставете ја пченицата.
Вака приготвениот сад чувајте го на светло и топло место, но не во близина на грејно тело.
По потреба, скоро секој ден пченицата прскајте ја со вода. За две до три недели ќе имате убава пченична трева. Уживајте во празниците кои доаѓаат!
❗️Важно е пченицата која сакате да ја засадите да не е бела, затоа што нема да изрти и никни.
#пченица #Велигден
👩🏻‍🍳 Кујнски совет #1
🥗 Пробувај го и зачинувај го јадењето за време на готвењето
Верувам дека повеќето готват на овој начин, но сепак важно е да се знае. Пред да го послужиш јадењето, земи мал дел и пробај го. 😋 Ако не е доволно солено, додај сол, а вкусот збогати го со црн пипер, оригано, лук во прав… Ретко што може да го поремети оброкот, колку несоодветна употреба на зачини, па внимавај на тоа најмногу. Затоа секогаш започнувај со помала количина на зачини и додавај по вкус. А како ти ги зачинуваш оброците? На почеток на јадењето, постепено или на крај?
#kujnskisovet #kujnskitrik #кујнскисовет #кујнскитрик #македонија #балкан #balkan
Get TikTok App